Дизелот и екстралесното масло со рекорден скок

Еден литар дизел гориво на македонските бензински пумпи на почетокот на 2026 година се продаваше за 64,5 денари, а сега достигна 95,5 денари според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Безоловниот бензин се продаваше за 70 денари, сега чини 86,5 денари. Екстралесното масло, пак, се продаваше за 64 денари, сега чини 92 денари по литар.