Топ 10 земји со највисока стокова размена со Македонија во 2025 г.

Со години наназад, Македонија има убедливо највисока стокова размена со Германија, која е повеќе од два и пол пати повредна од стоковата размена со втората земја на листата, Велика Британија. Суфицитот (разликата меѓу извозот и увозот) со Германија изнесува 1,7 милијарди евра во корист на Македонија. На третото место лани била Кина со 1,3 милијарди евра од кои најголем дел е увоз во вредност од 1,2 милијарди евра.