И покрај 7,2 отсто од лицата кои живеат во земјава го бојкотирале пописот, податоците од минатогодишното попишување покажуваат исклучително висок процент на религиозно население. Дури 92,6 отсто од жителите на земјава се попишале во некоја од религиозните групи, додека само 0,11 отсто се изјасниле за агностици и скромни 0,02 отсто како атеисти.