Најпродавани автомобилски модели во Хрватска

Листа на најпродавани модели на хрватскиот автомобилски пазар во февруари 2021

Во конкуренција на модели, Skoda Octavia е февруарски и „годишен“ шампион, со 227 продадени примероци во февруари и вкупно 372 примероци во првите два месеци. Огромниот скок на Fiat Panda, со +1.691,70% скок е своевиден феномен, зад којшто веројатно стои стратегија на FCA да ги продава моделите со ниска емисија на СО2 по дисконтна цена на избрани пазари (вклучувајќи и учество на тендери со тие цени), за на тој начин да се балансира продажбата на модели со повисока емисија на СО2, на „побогати“ пазари. Сето тоа е дел од „играта“ на производителите, да се избегне плаќање скапи пенали кон ЕУ во случај на надминување на лимитите за СО2. Истото важи и за Jeep Compass, на 9-то место, со скок од 2.400 проценти!
Chart: https://automedia.mk