Севкупно земено просечната плата од почетокот на 2018 година е покачена за речиси 75 отсто, но на повеќе наврати во овие седум години се забележани месечни падови. Така, на пример од декември 2018 г. до јануари 2019 г. забележан е пад од над 1.000 денари. Слично на тоа, од јануари до април 2020 година просечната нето плата бележи пад од скоро 2.000 денари. Уште еден помал пад има од декември 2022 до февруари 2023 година, од октомври до ноември 2023 година и од декември 2023 до јануари 2024 година.