Најпродавани автомобилски марки во Хрватска

Листа на најпродавани марки на хрватскиот автомобилски пазар во февруари 2021 година

Февруари донесе помал пад во продажбата на нови автомобили на хрватскиот пазар (-4,2%), во споредба со првиот месец од годината. Volkswagen останува лидер со удел од 15,6%, пред традиционално силната Skoda, со слично висок удел (13,1%). Fiat е на третото место, со двојно пониска продажба и соодветно помал пазарен удел (6,90%). Голем скок има Hyundai, како четврта најпродавана марка во февруари, наспроти 13-то место во јануари. Renault и Dacia, со слични бројки од продажбата како марките пред нив, се во благ минус, но тие по правило секогаш се во хрватскиот Топ 10.
Chart: https://automedia.mk