Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во мај годинава, на годишно ниво е забележана инфлација од речиси 5 отсто. Најголем раст на цените има во транспортот - 11 отсто, алкохолот и цигарите поскапеле за повеќе од 9 отсто, а спортот и културата за 5,5 отсто.