Продажба на патнички автомобили во Швајцарија

во јануари 2021

Сменетите услови на живеење и работење соодветно го сменија и соодносот меѓу одделните автомобилски марки. Фактот што Mercedes, со 1.629 возила, е најпродавана автомобилска марка во Швајцарија во првиот месец од '21, повеќе е резултат од помалиот пад во продажбата на германската марка, во споредба со останатите марки. Mercedes во јануари изгубул само 10,8% од пазарот што го имал лани во истиот месец, додека марки како Renault и Fiat забележиле минус од 46,8%, односно 36,7 проценти соодветно, на 12-то и 13-то место.
Grafik: https://automedia.mk